Straso Pindzur logo
СТРАШО ПИНЏУР

(Ваташа, 3 март 1915 - Скопје, 4 јануари 1943)


ЗА НАШИОТ ПАТРОН


Револуционер и народен херој на Македонија


Роден е во село Ваташа, Кавадаречко. По смртта на татко му во почетокот на Првата светска војна, во борбите кај Криволак, мајка му се премажила во Неготино, а грижата за него ја презела баба му. Основно училиште завршува во Ваташа, а нижа гимназија во Кавадарци. Потоа заминал во Белград, на студии по право. Во Белград се вклучил во револуционерното движење.


Уште во почетокот на фашистичката окупација се вклучил во НОД. Бил член на КПЈ од 1934 година.


Во Скопје, во Обласната полициска управа, по повеќедневно ѕверско мачење, Страшо Пинџур е убиен од бугарската фашистичка полиција. Бугарските фашисти, знаејќи дека фатиле голем револуционер и организатор, го мачеле посурово отколку средновековните инквизитори.


ПЕСНА ЗА ПАТРОНОТ


Една ѕвезда на небото блесна

Во куќата на Пинџур се слушна песна

Машко се роди, на радоста и немаше крај

Селото ВаташаБлесна во сјај.


Родителска љубов низ куќата блика

Тоа за нив било најубава слика.


Од мал од огништето се одделил,

без родители останал

Од мал само за мака знаеше

Заедно со народот под ропство траеше.


Сета љубов и внимание баба му му ја пружи

Да биде горд и силен на Македонија да и служи.

Револуционер голем, а човек скромен

Од мал за мака знаеше, но не се преаваше.


Тиран клето го уби.

Црн ден за Македонија стаса. Во срце болка стега.

Народот жали и тажи што не може да го спаси.

Илјада деветстотини и петнаесета за Македонија година света

А уште една година клета - илјада деветстотини и четитиесет и трета.


Ти не си искра што пламенува и гаси

Ти си легенда која нашата историја ја краси

Тврд ко карпа, силен ко џин,

оваа македонска земја еднаш раѓа таков син!

Со своите херојски дела ние се гордееме,

ти си заслужен што денес слободно живееме


Со восхит се навраќаме на твоите дела

жалиме за твојата прекината младост,

Името твое го славиме и никогаш нема да го заборавиме....!

Училиштето наче името твое го носи

Колку да се фалиме, верувајтеј не лажеме

Сите овде собрани со кренати глави

Денот на училиштето го славимe.