Начин на поднесување на барање за пристап до информации (начин на поднесување усно и писмено барање за пристап до информации, како и барање поднесено по електронски пат)
Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создава или со кои располага ООУ „Страшо Пинџур“, согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со исклучок на информациите наведени во член 6 од истиот Закон.
Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.
Писменото Барање може да се поднесе до ООУ „ Страшо Пинџур“ непосредно во архивата; преку пошта на адреса на ООУ „ Страшо Пинџур“ с. Мало Коњари, 7500 Прилеп, како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: pindzurstraso@yahoo.com, dimeskavioleta@yahoo.com).
Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.
Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.
Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.
Барањето исто така може да се достави во онлајн формат на slobodenpristap.mk
Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице: Виолета Димеска, контакт телефон: 048 483 418, 076 504 869 и е-маил : dimeskavioleta@yahoo.com
Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Процедура за жалба
Агенција за заштита на правото за слободен пристап на информациите од јавен карактер https://aspi.mk