Straso Pindzur logo

ЛИЧНА КАРТА


Училиштето и населбата се наоѓаат на територијата на општина Прилеп. Локацијата на училиштето е во центарот на селото Мало Коњари.


ООУ „Страшо Пинџур“ од село Мало Коњари е едно од најстарите училишта во регионот. Од моментот на основањето до денес – работи во духот на неговиот Патрон: само со работа и труд до високи резултати. Од 1954 година па до денес и во иднина ова училиште се стреми кон успех во секој поглед. Секогаш отворено за промени и секогаш во чекор со предизвиците на новото време. Тука секогаш се спојувала традицијата со новите текови. Поминувајќи низ различни временски периоди училиштето опстојува и е расадник на многубројни генерации од кои многу поединци оставија длабоки траги во различни сфери на општествениот живот во РМ и пошироко: во областа на науката, спортот, културата…


Денес училиштето ја остварува својата воспитно образовна дејност во централното училиште во Мало Коњари и подрачните училишта во Големо Коњари и Кадино Село.


Во нашето училиште работат искусни и вредни наставници кои несебично им го даваат своето знаење на учениците и ги прошируваат нивните видици. Во нашето училиште, учениците се чувствуваат безбедно како во свој дом. Наставата е ефикасна, квалитетна и прилагодена на потребите на самите ученици, наставниците и опшеството.